
СОРОС Македонија остварил приходи од 296 866 982 денари, односно 4 811 458 евра во 2012 година. Ова стои во даночната пријава на Институтот Отворено општество поднесена за фискалната 2012 година. Според пријавата што ја објави „Курир“ 116 988 553 милиони денари или 1 896 086 евра се потрошени на име за донации. На даночната пријава стои потписот и името на нејзиниот извршен директор Владимир Милчин.

-Познато е дека СОРОС Македонија, односно Институтот Отворено општество важи за близок до Социјалдемократскиот сојуз, и повеќепати е посочуван за финансирање на мрежа составена од невладини организации, медиуми и експерти во насока на креирање негативно мислење за политиката на владата и за креирање на атмосфера за поддршка на опозицијата за што сумата од речиси пет милиони евра им е од исклучителна голема полза. Тука се вклучуваат и споредните кампањи, кои имаат за цел креирање мислење дека се загрозува слободата во државата, чијашто крајна цел е создавање на впечатокот дека Владата е таа што првенствено ја загрозува. Од Институтот не може да се добие прецизен извештај за тоа како во детали се потрошени овие пари, но затоа може да се определат организациите што добиле пари од СОРОС Македонија. На списокот е Транспарентност Македонија каде што актуелни членови се Гордан Георгиев, пратеник од СДСМ, Ванчо Узунов, поранешен претседател на оваа организација, а сега потпретседател на СДСМ, Ѓунер Исмаил, член на повеќе органи на СДСМ, Ферид Мухиќ, поранешен советник на Бранко Црвенковски, Сашо Орданоски и Дане Талески од СДСМ. Потоа друга организација е и МЦЕО – Македонски центар за европско образование каде што доскорашен директор беше Лидија Димова, актуелна претседателка на советот за евроинтеграции на СДСМ, во оваа организација што добивала пари од СОРОС Македонија е и Лилјана Шекеринска – Ѓорѓевиќ, сестра на заменик-претседателката на СДСМ, која е членка на извршниот одбор на оваа организација – објави „Курир“.
Тие посочуваат дека од СОРОС Македонија зел пари и Македонскиот хелсиншки комитет, кој е без меѓународна лиценца на Хелсиншкиот комитет „во чијшто управен одбор се новинарот Борјан Јовановски, Љубомир Фрчковски, кој е член на повеќе партиски совети на СДСМ, и Маргарита Николовска – Цаца, која е актуелна претседателка на советот на СДСМ за Советот за политички систем“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


