Кога се ѕвездите во прашање, сите веруваме дека тие секојдневно уживаат во луксуз. Сепак, сите ќе се изненадите кога ќе дознаете дека тие сакаат да уживаат во топлината на нивниот дом со добра домашна храна. Еве што прават тие за време на празниците.
Мараја Кери
Позната пејачка вели дека секоја година го прави истото. Мараја Кери секоја година ја украсува елката со црвени и зелени лампиони, но и многу украси, односно разни ситници кои ѝ ги подариле нејзините фанови во текот на целата година.
Селена Гомез
Оваа млада ѕвезда најмногу сака по напорната работна година, Божик да го помине со нејзиното семејство во Тексас.
Џенифер Анистон
Џенифер секоја година прави забава за нејзините најблиски пријатели.
– Го сакам Божик. Тогаш сум најотпуштена и не чувствувам никаков стрес – вели таа.
Парис Хилтон
Богатата наследничка, божикните и новогодишните празници ги поминува на пат.
– Го обожувам Божик. Тоа ми е омиленото време во годината. Секогаш се трудам Божик да го поминам на една, а Нова година на друга локација – вели Парис.
Џенифер Гарднер и Бен Афлек
Оваа двојка најмногу се радува на празниците бидејќи тогаш имаа шанса да се посветат на семејството, куќата и готвењето. Глумицата инсистира секоја година божикната трпеза да ја приготви сама.
Анџелина Џоли и Бред Пит
Анџелина секоја година е опседната со барање на совршените божикни подароци за нејзините деца. Уште една важна работа на листата на глумицата е да резервира некој добар готвач кој ќе се погрижи за празничната маса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Дали сте подготвени за шок? Погледнете го местото за рехабилитација на Бен Афлек
-
Бен Афлек го допре дното – бившата жена лично го однесе на рехабилитација
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!








