Бразилскиот фудбалер беше еден од најдобрите во светот во 90-тите години. Сега, 47-годишниот Ромарио повторно е актуелен по светските медиуми, но овојпат причината не се неговите маестрални фудбалски потези.

Ромарио во времето кога беше еден од најдобрите фудбалери
Поранешниот фудбалер на Барселона е забележан како излегува од ноќен клуб со 25-годишната Талита Зампироли, позната во Бразил по неколкуте фотосесии откако направила операција за промена на полот. Имено, Талита се родила како машко дете, а сега е жена, со женски полови органи и документ да го потврди тоа.

Талита Зампироли
Од 2010 година Ромарио е активен на политичката сцена во родната земја и во моментот е силен гласник против сите државни манипулации и кражби поврзани со Светското првенство 2014.

Ромарио во Бразилскиот конгрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


