| четврток, 6 декември 2018 |

Ватерполото потона без бараж

vaterpolo

Македонската репрезентација во ватерполо се откажа од баражот за ЕП во 2014 година. Европската пливачка федерација (ЛЕН) информира дека репрезентацијата на Македонија се повлекла од ждрепката за баражот и на нејзино место влегла репрезентацијата на Малта.
Македонија поради претходното учество на ЕП не играше во квалификациските групи и директно се пласираше на бараж-средбите. Непознато е дали Пливачката федерација на Македонија за овој потег ќе треба да плати одредени пенали на ЛЕН.
На вчерашната ждрепка нашата замена Малта ја извлече репрезентацијата на Франција. Ние еднаш веќе игравме со Франција во бараж-натпревари и ги елиминиравме за пласман на претходното ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top