Како и секоја година така и оваа, Сојузот на спортските федерации на Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт, ги номинира најдобрите спортисти и репрезентации за 2013 година.
Сојузот на спортови ги предложи номинираните во девет категории, а гласањето ќе го изврши стручната јавност составена од членови од спортски федерации, спортисти и совет кој брои седум члена и е составен од Агенцијата за млади и спорт.
Свечената церемонија ќе се одржи на 9 јануари во Музејот на ВМРО.
Номинирани спортисти и федерации за 2013 година:
Спортист на годината:
Кирил Лазаров (ракомет), Димитар Ѓорѓиев (кикбокс) и Дејан Недев (традиционално карате).
Спортистка на годината:
Билјана Црвенковски (ракомет), Илина Арсова (планинарење), Робертина Мечевска (ракомет).
Млад спортист на годината:
Берат Јакупи (карате), Филип Талевски (ракомет) и Љупче Коцев (кик бокс).
Млада спортистка на годината:
Сара Ристовска (ракомет), Маријана Димовска (карате), Лина Ѓорческа (тенис).
Најуспешен машки национален тим:
Ракометен национален тим, Кугларски национален тим и Карате кумите национален тим.
Најуспешен женски национален тим:
Ракометен национален тим, Сениорки карате Ката тим и Фудбалски национален тим.
Најуспешен спортист – лице со инвалидитет: Андреј Стојановски (пливање).
Најуспешен тренер/селектор:
Драган Атанасовски (кик бокс), Ивица Обрван (ракомет), Марјан Соколовски (пливање).
Најуспешно организирана национална спортска федерација:
Ракометна федерација на Македонија, Кик Бокс федерација на Македонија и Карате федерација на Македонија.
На оваа манифестација ќе бидат избрани и најдобрите екипи во училиштен и универзитетски спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.