По неколкумесечни испитувања, глумицата Кристен Џонстон на својот профил на „Фејсбук“ објави дека боледува од ретка болест, која може да предизвика парализа.
Актерката боледува од трансверзален миелитис, ретка форма на лупус.
– Пред два дена ми е дијагнозиран редок облик на лупус или трансверзален миелитис. Не сум на смртна постела, далеку од тоа. Ќе бидам добро – напиша таа на својот профил.
Ѕвездата од серијата „Третиот камен од Сонцето“ вели дека веќе со месеци чувствува слабост во мускулите и дека ѝ било тешко да се качи по скали.
Тоа се симптоми на оваа ретка форма на лупус која предизвикува парализа. Поради воспаление на ‘рбетниот мозок, доаѓа до нарушување на преносот на нервните сигнали. Третманот за оваа болест вклучува антивоспалителни терапија и рехабилитација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


