Творецот на популарното шоу „Икс-фактор“, Сајмон Ковел, призна дека е воодушевен од контроверзната пејачка Мајли Сајрус и поради тоа што таа не се плаши да го изрази својот став, Сајмон тврди дека таа наредната година би можела да се најде во жирито.
Се чини дека младата пејачка Мајли Сајрус, која оваа година ги полнеше медиумите со нејзините испади, го наполни и нејзиниот паричник, но, најверојатно, и 2014 година ќе ѝ биде подеднакво успешна кога станува збор за нејзините ангажмани.
Сајмон Ковел е познат по тоа што не го импресионира баш сѐ, тој изјави дека во наредната сезона на „Икс-фактор“ меѓу членовите во жирито сака да ја види токму неа.
– Неодамна ја запознав Мајли и многу ми се допадна. Има свое мислење – изјави Сајмон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


