Оскаровката Џенифер Лоренс за време на гостувањето кај Конан О’Брајан раскажа една приказна за тоа кога го доживеала најголемиот срам во нејзиниот живот, а тоа било кога собарката во еден хотел нашла секси играчки под нејзиниот кревет.
– Ова е навистина смешна приказна. Едни пријатели на шега ми подарија десетина секси играчки, кои ги сокрив под креветот за чистачката да не ги види – рече Џенифер.
– Меѓутоа, кога се вратив во собата, сите тие бие извадени и наредени на креветот. Мислам дека таа не забележала дека станува збор за шега. Сакав да ѝ напишам порака дека тие не се мои и дека ми ги купија на шега – објасни глумицата.
Конан О’Брајан беше воодушевен од оваа анегдота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


