Судскиот совет наското ќе утврдува дали несовесно работеле четворица судии од Радовиш, Гостивар и од Кочани. Претседателите на овие судови поднеле барање до Судскиот совет да поведе постапка за да се утврди дали судиите пробивале рокови за донесување, изготвување или објавување пресуди.
Под лупа ќе бидат двајца судии од Основен суд Радовиш, еден судија од судот во Кочани, останатиот е судија на гостиварскиот суд.
Судскиот совет до крајот на годинава ги очекуваа извештаите од Основен суд Скопје 1 за тоа колку судиите од овој суд ги расчистиле старите нерешени предмети. Летоска со писмен допис Советот им препорача на судиите да ги расчистат нерешени предмети со датум до 2011 година.
На почетокот на следната година Советот ќе оценува кои се причините поради кои имало застој во постапувањето по старите предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Врховниот и Кривичниот Суд со нови претседатели
-
Судскиот совет ќе расправа за оставката на судијката Михајлова
-
Судски совет: Трпиме притисоци од СЈО и медиумите, бескомпромисно ќе се бориме за независноста на судската власт и достоинството на судиите
-
Инсинуации, конструкции и перцепции кои му се наметнуваат на судството за политички цели