Мамузите од Сан Антонио се остри и кога играат без најдобрите, а ноќеска го потврдија квалитетот и против Голден стејт вориорс со победа од 104-102. Без ударното трио, Паркер, Данкан и Џинобили, одговорноста ја презедоа Марко Белинели со 28 поени, Кавај Ленард со 21 поен и Тијаго Сплитер со победнички кош на неколку секунди до крај.
Кај домаќините од Сан Франциско најефикасни беа Дејвид Ли со 32 поени и Стив Кари со 30 поени.
Во вториот меч очекувано Оклахома го совлада Чикаго со 107-95, а доминираше Кевин Дурент. Популарниот Дурантула забележи 32 поени, најмногу на мечот. Кај поразениот состав Ноа даде 23 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.