| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина за Нова година на плоштад во Битола

Македонската поп-принцеза Каролина Гочева за новогодишната ноќ ќе настапува дома, пренесува битолскиот веб-сајт „шеталиште.мк“. Ова е првпат по многу години таа да им пее на битолчани за дочек на Нова година. Воедно, Каролина ќе биде единствената што таа вечер ќе пее на плоштадот „Магнолија“.

Според веб-сајтот, Општина Битола  ги  одбила сите пристигнати понуди од  изведувачите  и  групите и вчера им било кажано дека  единствен изведувач годинава ќе биде  Каролина Гочева.

За  настап на  битолскиот  плоштад на  31  декември  се  надеваа  групата  „Памперс“, Виктор  Апостоловски, „ Паркети“  и други битолски музичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top