| четврток, 6 декември 2018 |

Бојана во нов филм – ги зголеми усните, но сѐ уште нема момче

bojana so usnite

Откако дискретно ги зголеми усните, од русокоса стана бринета, ги намали килограмите и почна да настапува речиси секој ден, најновото од Бојана Атанасовска е новогодишната песна која треба за излезе за некој ден. Пејачката се стабилизираше од тешкиот период по разводот и веќе неколку месеци е во топ-форма, полна со енергија.

„Вистина е дека сум во некој филм, ха, ха, ха, не знам каков филм, но уживам во промените. Усната ја надополнив, но сосема малку, дискретно, не се работи ни за кубици ни за нешто невкусно и грозно за гледање, она што го открив во последно време е тоа дека црвениот кармин многу ми се допаѓа, па почнав постојано да го носам. Промените не ги правам поради, како што се зборува, новиот дечко, затоа што го немам. Едноставно супер ми е, настапувам речиси секој ден, а ситно се брои и до промоцијата на мојата најнова новогодишна песна. Ова е прв пат да направам нешто наменско оти ми беше голема желба, и ете си ја исполнив. Се работи за емотивна празнична песна која верувам ќе им се допадне на сите“, вели Бојана за Вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top