| четврток, 6 декември 2018 |

Утре температури од минус 10

Времето утре ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер, додека во одделни котлини, меѓу кои и Скопската, ќе има појава на магла. Во попладневните часови можно е да има мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 2, а дневната од 1 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и студено со локална облачност. Во текот на денот маглата ќе биде слаба, а попладне ќе се зголеми високата облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до еден степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top