| четврток, 6 декември 2018 |

Додека децата гореле, мајката била со љубовникот – Србинката попладнево уапсена

29-годишната Мирела Микулчиќ од селото Велика Крсна во Србија, била приведена веднаш по погребот на нејзините три деца.

Таа во понеделникот ги заклучила своите три мали дечиња Ненад (4), Димитрија (3) и Маја (2) и заминала на забава со еден соселанец. Од засега непознати причини, пожарот избил околу 17.30 часот и ја зафатил семејната куќа од 50 квадрати. Од огнот се срушил кровот од куќата во која биле сами децата и заклучени.

deca pozar

– Ги најдовме под креветот, ништо не остана од нив, само изгорени черепи. Ништо пострашно не сум видел во животот – изјавил соседот Зоран Миличевиќ кој влегол во запалената куќа заедно со пожарникарите  за „Блиц“.

По налог на Вишото обвинителство во Белград, Мирела е приведена попладнево, а ќе биде однесена на сослушување во Белград, кај инспектори кои се бават со пожари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top