| четврток, 6 декември 2018 |

Битола – најдобра Општина, Талевски – најдобар градоначалник

Европската Бизнис Асемблеjа од Велика Британија, односно Сократ Комитетот, на денеска едногласно го додели највисокото интернационално годишно признание „Најдобра Општина” на Општина Битола и „Најдобар Градоначалник” на Владимир Талески, пренесува Макфакс.

Признанието беше доделено во свечената сала на Општина Оксфорд во присуство на голем број (високи) интернационални гости.

Ова престижно признание се доделува со номинирање врз основа на претходно препознавање на репутацијата на градот, ефективното управување , постојаниот раст и развој како и атрактивноста за туристите.

Градоначалникот Владимир Талески и Општина Битола беа избрани врз основа строги критериуми на Европската Бизнис Асемблеја и направените опсежни анализи според следните критериуми:

Нивото на задоволството кај граѓаните
Социјалната и политичката стабилност
Економското опкружување ( регулативи, даноци, олеснувања…)
Социо- културниот развоја и програмите за поддршка
Образование, здравство и социјала
Меѓународна соработка
Јавни услуги и транспорт, инфраструктура, сообраќај
Рекреација и забава
Општинските административни методи

Првичните информации за градоначалникот и Општина Битола биле прибирани по пат на социолошки истражувања базирани на национални и интернационални статистички податоци, препораки од специјални национални и интернационални авторитети, организации, фондации и асоцијации, продлабочени медиумски содржински анализи, интернационално рангирање на градовите ( според ЕIU, Mercer и сл ) како и годишната експертиза на членовите на Сократ комитетот при Европската Бизнис Асемблеја )

Наградата се состои од личен трофеј/медал за градоначалникот со Swarowski кристали, диплома и скулптура изработена од лондонскиот јувелир Алфред Виниецки која симболизира напорна работа и високи достигнувања

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top