| четврток, 6 декември 2018 |

Силна експлозија повторно го стресе Загреб

Силна експлозија ноќеска го потресе западниот дел на Загреб. Според информациите на хрватските медиуми, еден човек е потешко повреден во експлозијата што се случила на автобуската станица на алејата Болоња. Детонацијата била толку силна што се слушнала до другиот крај на градот.

Очевидци за хрватскиот портал Дневник.хр тврдат дека се случиле вкупно четири експлозии во периодот од полноќ до 1.50 часот, но до сега од хрватската полиција потврдуваат за само една детонација.

Полицијата го блокирала целиот сообраќај во околината во која се случила првата експлозија, а затворен бил и сообраќајот на железничката пруга што поминува во тој дел на градот.

Пред два дена во западниот дел на главниот град на Хрватска, исто така, одекна експлозија поставена на железничката пруга при што беше оштетена локомотива.

Хрватските медиуми јавуваат дека на истрагата работи специјален тим стручњаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top