| четврток, 6 декември 2018 |

Гладни Грци се тепаат за гага зеленчук

grci

Неколку стотици Грци вчера во Атина се грабале по бесплатниот зеленчук што го делеле земјоделците, при што еден човек бил прегазен и повреден.

армерите за помалку од два часа поделиле 50 тони свои производи пред зградата на министерството за земјоделство, во знак на протест поради големите трошоци за производство.

На снимките прикажани на грчката телевизија имало луѓе што се тегнат за вреќите домати и праз што биле фрлани од камионите.

„Овие слики ме разгневија. Лут сум поради гордите луѓе што немаат за храна, што не можат да си дозволат греење, кои едноставно немаат“, изјавил Костас Буркас, пратеник на левичарската СИРИЗА.

Пратеници од други партии исто така оцениле дека сликите покажуваат луѓе на границата на очајот и дека оставаат горчлив вкус поради гордите луѓе што завршиле на ваков начин.

Делењето бесплатна храна во Атина почнало мирно и стотици луѓе мирно чекале во редици. Тензијата настанала кога масите со храна почнале да се празнат, а неколку десетици луѓе, од кои некои со мали деца, се стрчале кон најблискиот камион за да го земат тоа што останало. Во турканиците еден човек бил прегазен од толпата, а фоторепортерот на Ројтерс бил погоден со карфиол во глава.

„Не ни сонував дека може до тука да стигнам“, изјавила 65-годишната Панајота Петрулос, која добива пензија од 530 евра, а 300 евра плаќа за изнајмување на станот во кој живее. „Сѐ ми е скапо, дури и на пазар. Цените пораснаа, приходите се намалија, а работа нема.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top