| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Масовни апсења поради корупција – сменет шефот на полицијата

Хусеин Чапкин, шефот на истанбулската полиција, денеска потврдил дека е сменет од неговата функција поради истрагата за корупција и вмешаност на синови на тројца турски министри, како и бизнисмени и директори на банки.

Исто така, сменети се и десетина полициски службеници, меѓу кои и неколку што ја воделе истрагата.

И додека опозициските партии обвинуваат дека со оваа акција владата на премиерот Ердоган се обидува да ги прикрие скандалите, Ердоган тврди дека истрагата е заговор со цел да ѝ се наштети на неговата влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top