| четврток, 6 декември 2018 |

Бел плик – најбаран во книжарниците

fiskalna nagradna igra03 (Custom)

Обичен бел плик деновиве најмногу се бара во книжарниците во Скопје. Не затоа што се ближи Нова година кога се испраќаат честитки со желби за успех, среќа и бериќет во 2014 година, туку затоа што е во тек наградната игра со собирање фискални сметки.

Дали имате обичен, бел плик е најчестото прашање на муштериите кои влегуваат во книжарниците и бараат наједноставен плик во кој ќе ги сместат собраните фискални сметки за наградната игра.

– Вообичаено е околу Нова година да има поголема побарувачка на пликови, но сега е навистина голема, најмногу поради наградната игра со фискалните сметки – коменитраат продавачите.

Во „Македонска пошта“ еден плик чини 2 денари, а во дел од книжарниците чинат 5 денари.

fiskalna nagradna igra05 (Custom)

Од пред два дена на скопскиот плоштад може да се оставаат собраните пликоа за наградната игра. Над шеесет вреќи со коверти досега се пристигнати на адресата на Државната лотарија. Расте интересот кај граѓаните за наградната игра „Фискална в рака – награда без мака“. Граѓаните велат дека ја користат секоја фискална сметка, има и такви кои досега испратиле по неколку коверти. Граѓаните, иако сонуваат за стан или за дуќан, велат дека ќе бидат задоволни  и со вредносен ваучер.

Досега преку пошта пристигнаа илјадници коверти.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 30 декември на Македонската телевизија.  Валидни за првото коло ќе бидат само оние коверти кои ќе пристигнат на точната адреса до 29 декември. За секое извлекување наградната игра има фонд од 20 илјади евра. За учество треба да се соберат и испратат 20 фискални сметки за кои нема ограничување на вредноста за која се издадени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top