| четврток, 6 декември 2018 |

Ламбе Алабакоски и Викторија Лоба ќе пеат во Охрид за Нова година

loba

Викторија Лоба

Викторија Лоба и Ламбе Алабакоски ќе пеат на охридскиот плоштад на дочекот за Новата 2014 година. Тие се задолжени за забавната музичка програма. За репертоарот од народна музика за новогодишната веселба  ќе се погрижат Наум Петрески и Зуица Лазова, придружувани од оркестарот на групата ,,Синтезис“. По полноќ свој настап на охридскиот плоштад ќе има и блех оркестарот ,,Агушеви“ од Струмица.

lambe 4

Ламбе Алабакоски

На денешната прес-конференција, која се одржа во Општина Охрид беше соопштено дека свечената програма во пресрет на Новата 2014 година ќе трае десет дена. Почувајќи од недела 22 декември, секоја вечер со почеток во 18 часот на градскиот плоштад ќе има богата културно забавна програма.

наум петрески и зуица лазова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top