| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за струмичанка – наместо во благајна, парите ги ставала в џеб

СВР Струмица поднесе кривична пријава за 48-годишната М.Г. од Струмица, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во периодот од 2010 до 2012 година пријавената во својство на шалтерски работник во економско-финансовата служба во ЈЗУ Општа болница во Струмица од задолжените сметки со кои наплатувала парични средства за испис или упис на пациенти не ги уплаќала редовно во благајната на ЈЗУ, при што за свои потреби присвоила 167.750 денари.

Струмичанката по основа на задршка на плата вратила 109.950 денари, а останатиот износ сѐ уште не бил вратен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top