| четврток, 6 декември 2018 |

Gene Farris, Летечки Пекинезери и DJ Flooder за Нова Година во Скопје

GF za na page

На 31-ви декември, во 22 часот, во City Hall Center, во Скопје, ќе се одржи новогодишен концерт со во моментов најпопуларниот скопски џез свинг состав, Летечки Пекинезери, по чиј настап ќе следува сет на DJ Flooder како совршен премин кон музиката на специјалниот гостин.

Главниот настап кој ќе го означи почетокот на 2014 година е резервиран за хаус легендата од Чикаго – Gene Farris! 

Gene Farris е култен продуцент од Чикаго, САД, кој е присутен на светската електронска сцена повеќе од 20 години. Тој е добро познат по синергијата на речиси сите правци на електронска музика со фанк, соул, диско и џез. Оваа жива легенда на денс музиката има издадено повеќе од 100 синглови и 6 самостојни албуми за највисоко ценети дискографски куќи. Farris е добро познат кај македонската публика имајќи предвид дека досега има неколку пати гостувано во Скопје, а пред десетина години на Скопскиот Саем ја приреди и една од најнезаборавните новогодишни забави.

Пијалок на вечерта ќе биде Wild Turkey Bourbon, а сите гости ќе имаат можност да уживаат и во вкусните закуски на Домино’с и ресторан Гурмет.

Карти има само во претпродажба, а истите ќе бидат достапни во сите продажни места на Купикартизасе, како и во Кино Карпош и Барбакан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top