
Дали претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, црпи пари од општинската каса?! „Курир“ објави документи според кои тврди дека организацијата на Заев добила околу 20 милиони денари општински пари за неколку години.
Според нив станува збор за здружението Младински совет Струмица, кое е формирано во март 2008 година. Оттогаш па натаму, пишува „Курир“, според планираниот буџет на Општина Струмица на име трансакција на Младински совет и Детски парламент (орган на младински совет) секоја години се прелевале по четири милиони денари. Понатаму стои дека во 2010 година на име трансфер до Детски парламент – Младински совет од буџетот на Општина Струмица трабало да се префрлат четири милиони денари како дел од програмата за активности на општина Струмица на локалниот економски развој и туризам.

Четири милиони денари биле предвидени и во буџетот на Општина Струмица во 2011 година на име трансфер до Детски парламент/ Младински совет од програмата Г1 за поддршка на локалниот економски развој.

„Курир“ пишува дека во 2012 година средствата предвидени за работа на Младински совет Струмица под име трансфер до Младински совет се ставени во група со 13 други проекти, кои влегуваат во од програмата Г1 за поддршка на локалниот економкски развој и за нив е превидено да се одвојат 11.470.000 денари од буџетот на Општина Струмица.

„Во 2013 трансфер до детски парлемент е во група со девет други проекти што влегуваат во програмата Г1 за поддршка на локалниот економски развој и за нив е превидено да се одвојат 7.630.000 денари од буџетот на Општина Струмица. Доколку се земат предвид овие документи, тогаш оваа организација во своето речиси седумгодишно постоење треба да има добиено повеќе од 20 милиони денари од буџетот на Општината“, пишува „Курир“.

Во Младински совет Струмица учествувале и други партиски функционери на СДСМ, меѓу кои и потписниците Тони Милушев (актуелен претседател на секторот за Локален економски развој (ЛЕР) во Струмица и Зоран Узунов (актуелен советник за образование во кабинетот на Заев), кои, исто така, се потписници на одлуката за основање на здружението Младински совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


