| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата расчисти три случаи на тепачки меѓу тинејџери

tepacka

СВР Скопје изминативе денови расчисти уште три случаи на физички напади во кои што актери биле малолетници. Така на подрачјето на ПС од ОН Чаир расчистен е настанот кој што се случи во понеделникот (16.12.), околу 13,30 часот на ул. „Костурска“ поточно во кругот на училишниот двор на СУГС “Арсени Јовков“ каде од страна на две лица (ученици во втора година во СУГС „Арсени Јовков“) физички бил нападнат малолетеникот Б.Д. (15) (ученик во прва година во истото училиште). Притоа тој бил удиран со боксови и клоци во пределот на главата и телото, по што влегол во училиштето на првиот кат, каде што дошло уште едно лице (најверојатно ученик во 4-та година во СУГС „Арсени Јовков“) кој исто го удрил Б.Д. во пределот на устата, нанесувајки му видливи повреди.

Од страна на СВР-Скопје беа преземени мерки за откривање на сторителите на физичкиот напад и против истите поднесено е Барање за поведување прекршочна постапка по член 12 од ЗППЈРМ. Станува збор за малолетните лица Е.З. (15) и Е.К. (15) двајцата од Скопје.

Вториот случај е реализиран на подрачјето на ПС од ОН Гази Баба. Имено, завчера (17.12.) околу 18 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ на автобуската постојка, поточно во автобус бр.65 кој се движел во правец на с.Стајковци, бил нападнат малолетникот Н.П.(15). Физичкиот напад е извршен од страна на две НН лица на возраст од околу 17 години, кои без посебен повод и причина почнале да го удираат со тупаници во пределот на лицето, со што му нанеле видливи повреди. Од страна на СВР-Скопје преземени се мерки за расчистување на истиот и против малолетникот А.Ш. (17) од Скопје ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка по чл.12 од ЗППЈРМ.

И во третиот случај од вчера (18.12.) идентификувани се напаѓачите – Е.С. (18) од Долно Количани и Е.Б (16) од село Батинци, кои околу 19,30 часот на булеварот “Трета Македноска Бригада“ на автобуската постојка пред ДСУ “Владо Тасевски“, физички ги нападнале С.А. (17) и К.С. (17) удирајќи ги со тупаници во пределот на телата и главите. Од нападот, оштетените се здобиле со повреди во вид на отоци и црвенило на лицето. Причина за физичкиот напад е претходна расправија помеѓу Е.С. и С.А. Од страна на УПС,веднаш е интервенирано, физичкиот напад е расчистен и ќе следат соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top