| четврток, 6 декември 2018 |

Светот усвои резолуција против следење

aplikacija-sledenjeГенералното собрание на ОН едногласно усвои резолуција за заштита на правото на личен живот против незаконското следење во дигиталната ера, на предлог на Германија и Бразил. Тој беше поднесен по откритијата за прислушување од американските тајни служби, што најмногу ги изненади и разбесни пријателите и сојузниците на САД. Меѓу прислушуваните шефови на држави или влади се најдоа и бразилската претседателска Дилма Русеф и германскиот канцелар Ангела Меркел.

Со резолуцијата, усвоена со консензус, се „потврдува дека истите права, кои луѓето ги имаат кога не се на интернет, треба да им бидат заштитени и на интернет, вклучувајќи го и правото на личен живот“. Во документот се изразува длабока загриженост поради „негативниот одек“ на незаконското прислушување врз спроведувањето на човековите права, „особено кога тоа се изведува масовно“.

Гласањето беше речиси формално, бидејќи предлог-резолуцијата веќе беше прифатена од Третиот комитет на Генералното собрание, во кој влегуваат сите земји-членки на Светската организација или вкупно 193. Резолуциите на Генералното собрание немаат правна сила, но го одразуваат светското мислење и имаат политичка тежина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top