| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе добие со промената – албанскиот политички блок или малите партии?

Со про­ме­на на из­бор­ни­от мо­дел ка­ко до­бит­ни­ци се гле­да­ат и ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии, спо­ред кои та­ка би се до­би­ло по­го­лем број ман­да­ти во ид­ни­от со­став на ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние, и ма­ли­те пар­тии, кои во евен­ту­ал­на­та про­ме­на на мо­де­лот гле­да­ат мож­ност за пре­жи­ву­ва­ње на по­ли­тич­ка­та сце­на. Од дру­га стра­на, екс­пер­ти­те ве­лат де­ка ед­на из­бор­на еди­ни­ца ло­шо би вли­ја­е­ла врз по­ли­тич­ка­та сце­на во Ма­ке­до­ни­ја

Одр­жу­ва­ње­то пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја се­ко­гаш на­мет­ну­ва или пот­тик­ну­ва раз­ни ком­би­на­то­ри­ки за мо­де­лот спо­ред кој тре­ба да се из­бе­рат на­род­ни­те пра­те­ни­ци. Ка­ко и прет­ход­ни­те, та­ка и за нај­а­ве­ни­те пред­вре­ме­ни из­бо­ри, ба­рем су­деј­ќи по гла­си­ни­те де­ка на­про­лет ќе има из­бо­ри, се акту­а­ли­зи­ра пра­ша­ње­то за про­ме­на на из­бор­ни­от мо­дел. Тие што ги кон­сул­ти­ра­ше не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ не се дво­у­мат де­ка тре­ба да има из­ме­ни на мо­де­лот за из­бор на на­род­ни­те пра­те­ни­ци.

Ед­на из­бор­на еди­ни­ца штет­на за го­ле­ми­те пар­тии

Из­бор­ни­от мо­дел во Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни има по­тре­ба од транс­фор­ма­ци­ја, мо­же­би не це­лос­но, но во по­го­ле­ма ме­ра, се­ка­ко, да. Ва­ка го поч­ну­ва сво­е­то образ­ло­же­ние за по­тре­ба­та од про­ме­на на мо­де­лот за из­би­ра­ње на пра­те­ни­ци­те, по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар и но­ви­нар Ис­ма­ил Си­на­ни. Спо­ред не­го, Ма­ке­до­ни­ја има по­тре­ба од отво­ре­на ли­ста пра­те­ни­ци. Си­на­ни ве­ли де­ка си­те ние, без раз­ли­ка да­ли про­фе­си­о­нал­но ги сле­ди­ме по­ли­тич­ки­те слу­чу­ва­ња во зем­ја­ва или не, во се­кој из­бо­рен цик­лус се со­о­чу­ва­ме со лич­но­сти за кои во­оп­што не сме слуш­на­ле и кои во­оп­што не би­ле по­ли­тич­ки актив­ни.

– Сме­там де­ка е не­оп­ход­но Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја уште ед­наш да се по­за­ни­ма­ва со ста­ти­стич­ко­то огра­ни­чу­ва­ње на ше­сте из­бор­ни еди­ни­ци. Раз­ли­ка­та од 5 про­цен­ти, ко­ја се доз­во­лу­ва со акту­ел­ни­от за­кон, во­оп­што не е ре­ал­на. Спо­ред овој си­стем има­ме слу­чај во кој ед­на из­бор­на еди­ни­ца има 315 ил­ја­ди гла­са­чи, а дру­га 300 ил­ја­ди или по­мал­ку. Трг­ну­вај­ќи од овој прин­цип, сме­там де­ка пра­гот не тре­ба да би­де по­го­лем од 2 про­цен­та. Во прин­цип сум про­тив во Ма­ке­до­ни­ја да има ед­на из­бор­на еди­ни­ца иа­ко, су­деј­ќи спо­ред на­род­ни­те кри­те­ри­у­ми, ќе бе­ше до­бро би­деј­ќи се­ко­ја ет­нич­ка за­ед­ни­ца ќе бе­ше за­ста­пе­на кол­ку што е и број­но за­ста­пе­на. Но, оце­ну­вам де­ка Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ед­на из­бор­на еди­ни­ца те­шко мо­же да го оште­ти функ­ци­о­ни­ра­ње­то на де­мо­кра­ти­ја­та, ко­ја и та­ка е кре­вка. Спо­ред таа ло­ги­ка, се­ко­ја ин­ди­ви­дуа што има го­ле­мо бо­гат­ство мо­же да ги ку­пу­ва гла­со­ви­те и да вле­зе во со­бра­ни­ски­те клу­пи. Зна­чи, мо­же да се слу­чи бро­јот на чо­век-пар­ти­ја вид­но да по­рас­не, кои по­доц­на за свои ма­ли ин­те­ре­си мо­жат да го оште­тат ин­те­ре­сот на ет­нич­ки­те за­ед­ни­ци во зем­ја­та, мо­же­би и на не­кој по­го­лем про­цес. Пре­чи­сту­ва­ње­то на из­бор­на­та ли­ста е не­оп­ход­на. Крај­но вре­ме е да се от­стра­нат сом­не­ва­ња­та за зло­у­по­тре­ба, од­нос­но ма­ни­пу­ли­ра­ње со 150-200 ил­ја­ди гла­со­ви – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ Ис­ма­ил Си­на­ни.

Де­ка иде­ја­та за про­ме­на на из­бор­ни­от мо­дел не е но­ва, ту­ку де­жур­на те­ма се­ко­гаш ко­га има нај­а­ви за пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри по­твр­ду­ва и про­фе­сор­ка­та од Прав­ни­от фа­кул­тет Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва, ко­ја до­да­ва де­ка оваа иде­ја по­тек­ну­ва уште од по­че­то­кот на 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ко­га ка­ко пра­ша­ње во јав­но­ста ја по­ста­ви­ла ПДП, а по­тоа од­вре­ме-на­вре­ме ја тур­ка­ле ма­ли­те пар­тии.

– Оваа иде­ја не е во­оп­што но­ва, ду­ри би рек­ла де­ка е де­жур­на пред се­кој из­бо­рен цик­лус или пред се­кое ме­ну­ва­ње на Из­бор­ни­от за­ко­ник. Неј­зи­ни нај­вер­ни под­др­жу­ва­чи од са­ми­от по­че­ток до де­нес се пар­ти­и­те од ал­бан­ски­от блок, но и по­ма­ли­те пар­тии од ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки блок, кои шан­са­та за по­го­ле­ма по­ли­тич­ка прет­ста­ве­ност ја гле­да­ат ток­му во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ед­на из­бор­на еди­ни­ца. Факт е де­ка по­ма­ли­те пар­тии има­ат шан­са за по­до­бар из­бо­рен ре­зул­тат ако из­бор­ни­те еди­ни­ци се по­го­ле­ми, од­нос­но ако има са­мо ед­на из­бор­на еди­ни­ца. Со шест еди­ни­ци тие сво­ја­та шан­са мо­жат да ја нај­дат са­мо пре­ку здру­жен ко­а­ли­ци­ски на­стап, што и пра­ктич­но се по­ка­жа на си­те до­се­гаш­ни из­бор­ни цик­лу­си. Лич­но не сме­там де­ка во мо­мен­тов ни е по­треб­но во­ве­ду­ва­ње ед­на из­бор­на еди­ни­ца. На Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ѝ е по­треб­но ста­би­ли­зи­ра­ње на пар­ти­ско-по­ли­тич­ко­то тки­во и не­го­во по­ли­тич­ко кон­со­ли­ди­ра­ње, а не на­та­мош­но фраг­мен­ти­ра­ње и рас­цеп­ку­ва­ње на по­ма­ли цен­три на моќ што е мно­гу ве­ро­јат­но ако се во­ве­де ед­на из­бор­на еди­ни­ца – до­да­ва Ка­ра­ка­ми­ше­ва.

izborni-edinici-mapa-copy

Ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок под­др­жу­ва из­ме­ни на из­бор­ни­от мо­дел

На­ци­о­нал­на­та де­мо­крат­ска пре­род­ба (НДП) сме­та де­ка Из­бор­ни­от за­ко­ник тре­ба да пре­тр­пи из­ме­ни за да се обез­бе­ди одр­жу­ва­ње фер, де­мо­крат­ски и сло­бод­ни из­бо­ри. Спо­ред пар­ти­ја­та на Ру­фи Ос­ма­ни, во Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да има фер, сло­бод­ни и де­мо­крат­ски из­бо­ри ако не се на­пра­ви пре­чи­сту­ва­ње на из­бор­ни­те ли­сти. Спо­ред пра­те­ни­кот на оваа пар­ти­ја На­џи Џе­ли­ли, НДП ќе по­ба­ра пре­циз­но раз­гра­ни­чу­ва­ње на др­жав­ни­те ор­га­ни од пар­ти­ски­те во из­бор­ни­от про­цес. Ед­но од ба­ра­ња­та на НДП ќе би­де уки­ну­ва­ње на пра­те­ни­ци­те од ди­јас­по­ра­та, ка­ко и из­бо­ри­те да се одр­жу­ва­ат во лет­ни­те ме­се­ци би­деј­ќи ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок то­гаш мо­же да до­бие по­го­лем број пра­те­ни­ци.

– На­ци­о­нал­на де­мо­крат­ска пре­род­ба ќе по­ба­ра Ма­ке­до­ни­ја да се де­фи­ни­ра ка­ко ед­на из­бор­на еди­ни­ца за­тоа што са­мо на тој на­чин се уни­фи­ци­ра ал­бан­ско­то гла­сач­ко те­ло, кое ќе се ефе­кту­и­ра со по­го­лем број пра­те­ни­ци – ве­ли На­џи Џе­ли­ли за „Ре­пуб­ли­ка“.

Од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја на Ал­бан­ци­те, Де­мо­крат­ска­та уни­ја за ин­те­гра­ци­ја, ве­лат де­ка под­др­жу­ва­ат се­ка­ков вид из­ме­ни на мо­де­лот за гла­са­ње со цел да се при­до­не­се за по­до­бру­ва­ње и за зго­ле­му­ва­ње на мо­ќта на ал­бан­ски­от гла­сач. На исто мис­ле­ње се и од Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја на Ал­бан­ци­те наг­ла­су­вај­ќи де­ка ќе под­др­жат се­ка­ков вид из­бо­рен мо­дел кој ќе би­де во ко­рист на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја.

Ма­ли­те пар­тии три­јат ра­це од евен­ту­ал­ни из­ме­ни на из­бор­ни­от мо­дел

Нај­за­ин­те­ре­си­ра­ни за из­ме­ни на из­бор­ни­от мо­дел се ма­ли­те по­ли­тич­ки пар­тии кои најм­но­гу би до­би­ле. На­ши­те со­го­вор­ни­ци ве­лат де­ка ток­му тие би до­би­ле најм­но­гу од про­ме­на­та на из­бор­ни­от мо­дел.

– Дел од, ус­лов­но, ма­ли­те пар­тии се пре­поз­наа во иде­ја­та за про­ме­на на мо­де­лот од шест из­бор­ни еди­ни­ци во ед­на, ко­ја во ко­лум­на не­о­дам­на ја вра­ти Вла­до Буч­ков­ски од Али­јан­са за по­зи­тив­на Ма­ке­до­ни­ја. Ап­со­лут­но ед­на, на­ме­сто шест, из­бор­на еди­ни­ца е по­пра­ве­ден мо­дел и пра­ви­чен на­чин да се изра­зи вол­ја­та на на­ро­дот. Си осво­ил, на при­мер, во пр­ва­та из­бор­на еди­ни­ца мно­зинс­тво, но во вто­ра­та си до­бил мал­ку и тие гла­со­ви про­пад­на­ле – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ Ри­сто Пе­нов од Ли­бе­рал­но-де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја.

И Де­мо­крат­ски­от со­јуз, кој е дел од вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја пред­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ, е со став де­ка тоа би ја изра­зи­ло ре­ал­на­та вол­ја на гра­ѓа­ни­те.

– Де­мо­крат­ски­от со­јуз од са­ми­от по­че­ток се за­ла­га за тоа Ма­ке­до­ни­ја да би­де ед­на из­бор­на еди­ни­ца. Но, проб­ле­мот е во го­ле­ми­те пар­тии, од кои бе­ше дел и Вла­до Буч­ков­ски. Ко­га тој бе­ше во ра­ко­вод­на­та по­зи­ци­ја на СДСМ, то­гаш не го ин­те­ре­си­ра­ше ова пра­ша­ње, не се­га, ко­га се нај­де во уло­га на но­ва, ма­ла пар­ти­ја, се за­ла­га за ед­на из­бор­на еди­ни­ца – ве­ли Пав­ле Тра­ја­нов, ли­дер на ДС.

Буч­ков­ски ве­ли де­ка та­ква­та по­дел­ба на из­бор­ни еди­ни­ци го тур­ка би­пар­тиз­мот во Ма­ке­до­ни­ја. При­тоа, при­ло­жу­ва из­бор­на си­му­ла­ци­ја со ко­ја на­ме­сто акту­ел­ни­те пет пар­тии или ко­а­ли­ции што се­га се за­ста­пе­ни во пар­ла­мен­тот, 10 пра­те­нич­ки ман­да­ти би при­пад­на­ле на уште пет од по­ма­ли­те пар­тии.

Текст објавен во 67. број на неделникот Република (13 декември 2012)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top