Денеска напладне ЕВН ја организира Новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“ која што традиционално ја реализираат со Црвениот Крст на Република Македонија.Во Македонската Опера и Балет ќе се одржи новогодишна представа и ќе се поделат пакетчиња за децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории.
Пакетчињата на децата ќе им ги поделат претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст, Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.