| четврток, 6 декември 2018 |

Лажниот толкувач на комеморацијата на Мандела е сместен во психијатриска болница

Thamsanqa-Jantjie_2763290k

Лажниот толкувач на знаковниот јазик на комеморацијата на Нелсон Мандела е во психијатриска болница, објави денеска печатот во Јужна Африка.

Според дневниот весник „Стар“, неговата сопруга го однела во психијатриска болница, каде што бил веднаш примен.

– Последните денови со него беа многу тешки. Му помагавме бидејќи беше во депресија – изјави неговата сопруга.

Цамсанга Јантије имал термин за преглед во една психијатриска болница на 10 декември, на денот кога беше комеморацијата на Мандела. Но, тој го откажал прегледот.

За да го објасни својот професионален неуспех, тој навел дека боледува од шизофренија, тврдејќи дека гледал „ангели како паѓаат на стадион“ и слушал „гласови“.

Тој предизвика скандал во текот на церемонијата минатата недела бидејќи заедницата на глувонеми во Јужна Африка забележала дека тој не владее најдобро со знаковниот јазник и гестикулира на неразбирлив начин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top