| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами се врати од -15, Пековиќ со 30 поени ги победи Портланд

nikola pekovic

Во синоќешната програма од НБА-лигата се одиграа 12 натпревари. Во дерби-дуелот од источната конференција Мајами ја победи екипата на Индијана со 97-94. Во текот на целиот меч Индијана имаше солидно водство кое кон средината на третата четвртина изнесуваше дури 15 поени разлика.
Сепак, шампионот се созема во финишот и успеа да направи целосен пресврт со тројката на Реј Ален и поените на Крис Бош.
Во последниот напад Пол Џорџ не успеа да постигне три поени и да го однесе својот тим до продолжение.
„Жешките“ од Мајами ги предводеше Двејн Вејд со 32 поена. Повредениот Леброн Џејмс додаде 24 поени, девет скока и седум асистенции. Кај поразените од Индијана се истакнаа Пол Џорџ со 25 и Дејвид Вест со 23 коша. Сега лидерот на истокот има само една победа предност во однос на Мајами.
Центрите на Минесота искомбинираа 59 поени за победата над лидерот во НБА-лигата, тимот на Портланд. Кевин Лав и Никола Пековиќ беа предводници за својот тим. Лав постигна 29 поени, 15 скока и девет асистенции, додека Црногорецот постигна 30 поени и девет скокови.
Кај Портланд Демијан Лилард со 36 поени шест скока и шест асистенции беше лидер за својот тим. Исцрпеноста на гостите се осети на овој меч по двете победи во последните секунди.
Њујорк дури по две продолженија го скрши отпорот на Милвоки. Во тимот од Њујорк се врати Тајсон Чендлер по тешката повреда. Во последните моменти од второто продолжение Џеј Ар Смит погоди тројка за победа.

НБА-резултати:

Мајами – Индијана 97-94, Орландо – Јута 82-86, Торонто – Шарлот 102-104, Атланта – Сакраменто 124-107, Бостон – Детроит 106-107, Бруклин – Вашингтон 107-113, Милвоки – Њујорк 101-107, Минесота – Портланд 120-109, Далас – Мемфис 105-91, Феникс – Сан Антонио 101-108, Хјустон – Чикаго 109-94, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 108-95.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top