Грчките пратници синоќа со 241 гласа „за“, 26 „против“ и петмина „воздржани“, ја изгласаа одлуката за суспензија на финансирањето на екстремно десничарската партија Златна зора. Со тоа е исполнета законската одредба за санкционирање на партиите обвинети за криминални активности.
Иако се покренати обвиненија против неколку нејзини членови по убиството на музичарот и антифашистички активист Павлос Фисас, Златна зора и понатаму останува трета по популарност во Грција.
Досега шест од вкупно 18 пратеници на Златна зора се обвинети за „членување во криминална организација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


