| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошо се дише во Центар, Карпош и Тетово, во Лисиче и Кичево исто така

Според табелата од 6 часот утринава, концентрацијата на честичките РМ10 останува на ризично ниво, додека левелот бил намален во скопско Лисиче и во Кичево, покажува табелата на ресорното министерство.

mapa vozduh deneskaСепак, утринската раздвиженост на автомобилите на потегот Лисиче- Центар-Карпош, предизвикана од студот, веројатно повторно во текот на днот ќе ги покачи вредностите во скопските општини каде што концентрацијата на загаденост деновиве е најголема.

Според најавите на меоролозите, маглата ќе се задржи во котлините, а посакуваниот ветер речиси и нема да дува во текот на денот. Остануваат во сила препораките од Владата со кои, меѓу другото, трудниците и постарите од 60 години не треба да одат на работа, како и привремениот прекин на градежните работи на отворено

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top