Пожарот пламнал вчера попладне пред 16 часот, кога вработените во погонот веќе биле заминати од работните места. Пламената стихија први ја забележале жителите на село Железница, кои се обиделе да го изгаснат огнот. Откако пламените јазици веќе го проголтале погонот во кој биле сместени машините, интервенцијата на противпожарната единица од Кратово спречила ширење на пожарот во магацините, каде имало поголема количина репроматеријали.
Пожарот беше изгаснат по два часа битка со огнот, а причинета е значителна материјална штета.
Компанијата „Техно абразив“ е една од ретките компании во Кратово кои со години успешно работат и имаат вработено повеќе жители од Кратово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.