| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен фудбалер на прилепска Победа ограбил обложувалница

vlado-markovic-1387359033-414081 (1)

Фудбалерот на Младост од Велика Обарска, Владо Марковиќ (29), е уапсен поради повеќе вооружени грабежи на подрачјето на Бјелина. Покрај Марковиќ, уапсени се уште двајца негови пријатели. Тие во неделата вечерта ограбиле една фирма во Леленчи, а набрзо потоа биле уапсени, пренесува Вечер.

Марковиќ и неговите пријатели во полицијата признале дека во септември годинава ограбиле и две обложувалници во Бјелина. Крадците во моментов се наоѓаат во притвор.
Овој фудбалер досега има играно за Победа од Прилеп, ОФК Београд, Борац од Бања Лука, Славија од Источно Сараево, Скендербег, Теута, Печуј и за Челик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top