Македонските воздухопловни власти го затвориле аеродромот Александар Велики поради густа магла и малата видливост.
Од аеродромот потврдиле дека во Скопје вечерва нема услови за слетување и полетување по што целиот авиособраќај е пренасочен кон Охрид.
– Аеродромот во моментов работи, но поради големата магла нема можности за слетувања и полетувања, така што оние коишто се на распоредот се пренасочени кон аеродромот во Охрид, „Св. Апостол Павле“, или кон аеродромот во Софија, потврдиле за Нова од „Александар Велики“.
Кога би можело да продолжи редовното одвивање на авиособраќајот на скопскиот аеродром зависи од временските услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.