Шпанскиот весник El Pais наведува дека истрагата во која Меси одговарал на полициски прашања се случила во Ноември , а аргентинецот бил испрашуван за добротворните натпревари кои ги одиграа ,,Меси и пријателите”, против остатокот од светот во 2012 година.
Еден од натпреварите кои се играа во Колумбија, Перу, Мексико и САД, се одржал во главниот град на Колумбија Богота.
,,Мојата фондација доби пари, не се сеќавам на точниот износ, но знам дека парите се префрлени на корисниците на добротворниот фонд”, открил Меси пред полицијата.
Аргентинецот признал дека го познава Андрес Барко, организатор на натпреварот, но негирал дека знае со што се занимавал.
Полицијата се сомнева дека таткото на Меси земал провизија за хуманитарните натпревари на неговиот син, а за возврат помагал во перењето на парите на колумбискиот нарко картел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.