| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул со фантастична понуда за Суарез контра Реал Мадрид

Ливерпул подготвува понуда со која уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез треба да стане најплатениот играч во историјата на клубот од „Енфилд роуд“.

Со цел да го задржи во своите редови Ливерпул нуди 200, 000 фунти неделно или огромни речиси 10 милиони фунти годишно за играчот кој оваа сезона е меѓу најдобрите на островот.

Суарез кој по крајот на минатата сезона сакаше да премине во Арсенал за да игра во лигата на шампионите оваа сезона даде 17 гола на 12 прволигашки натпревари.

Понудата за уругваецот стигна откако неколку европски гиганти меѓу кои и Реал од Мадрид започнаа да се интересираат за условите под кои Суарез би го сменил клупскиот дрес.

Според дел од медиумите Реал е подготвен да плати 70 милиони евра за да го види Суарез во своите редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top