| четврток, 6 декември 2018 |

Најтопол ноември од 1880 година

esen

Оваа година светот го забележа својот најтопол ноември од 1880 година, кога започна собирањето податоци за температурата на глобално ниво, соопшти американската Државна управа за океани и атмосфера.Просечната глобална температура на копно и во океаните во ноември 2013 година изнесуваше 13,68 степени Целзиусови, што е за 0,78 степени повеќе од просечната температура за тој месец во 20 век која изнесуваше 12,9 степени Целзиусови.

Овогодинешниот ноември е 37-ми по ред ноември што е потопол од просекот. Последен пат ноември беше постуден од просекот во 1976 година, додека февруари 1985 година беше последен месец кој на глобално ниво беше постуден од просекот.

Во повеќето области на Земјата ноември оваа година беше потопол од просекот. Тоа особено важи за Евроазија, африканското крајбрежје, Централна Америка, Јужна Америка и одделни зони на северниот Атлантик, југоисточниот Пацифик, Индискиот Океан и југот на Русија.

Постуден ноември е забележан на северот на Австралија, во одделни области на Северна Америка, на југозападот на Гренланд и во делови на океани во близина на Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top