Досега не се пронајдени предмети од страна на МВР кои се на листата артефакти кои недостасуваат во Музејот на Македонија, но секоја информација што оди во прилог на нивно откривање и враќање во сопстевеност на држвата е добредојдена, одговори на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на новинарско прашање дали има нови моменти во истрагата за случајот на исчезнатите артефакти од Музејот на Македонија.
– Потрагата по предметите, односно целокупната истрага има два сегмента. Едниот сегмент е идентификација на одговорните лица или лоцирање на одговорноста за она што се случило, а вториот е евентуалното откривање на предметите и нивното враќање во сопственост на државата – изјави Јанкулоска на прес-конференцијата во врска со запленетата марихуана на ГП „Делчево“.
Таа упати апел доколку некој има каква било информација за можната локација на некои од предметите да ја сподели со надлежните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Почна судењето за „Тенк“
-
Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска
-
Јанкулоска: СЈО може да отвори и милион случаи, без аргументи, на база на кафеански муабети


