| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава тројца од ФЗОМ поради наводно крадење бензин

fzo
Полициската станица Македонски Брод поднесе кривична пријава за лицето Љ.М.(56) поради основано сомнение дека сторило кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Кривична пријава е поднесена и за лицата Д.Ј. (50), референт во ФЗОМ во подрачната служба Македонски Брод, и Р.С. (62), стручен соработник за права од здравствено осигурување, двајцата од Македонски Брод, поради основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување службена исправа. Првопријавената во својство на раководител на ФЗОМ подрачна служба Македонски Брод го сторила кривичното дело така што во текот на 2010, 2011, 2012 и на 2013 година, со цел да се здобие со против правна имотна корист лично за себе и за други вработени во подрачната служба, изработувала фиктивни патни сметки за службени патувања во Р. Македонија.

Таа им наредила на второпријавениот и на третопријавениот да изработуваат фиктивни патни сметки, по што се вршела исплата на средствата на име трошоци за службени патувања со сопствени возила, иако патувањата биле направени со службени возила.

На ваков начин првопријавената и дел од вработените се здобиле со противправна имотна корист во износ од 85.305 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top