| четврток, 6 декември 2018 |

Грција во 2012 година го намалила буџетскиот дефицит, но ја зголемила невработеноста

Владата во Грција соопшти дека значително го намалила буџетскиот дефицит на земјата за 2012 година, а од друга страна, пак, невработеноста значително пораснала поради влијанието на строгите мерки за штедење врз економијата и животниот стандард

Според податоците што ги соопшти заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас дефицитот за минатата година изнесувал 8,2 проценти од БДП, што било подобро од предвидените 8,4 проценти. Во 2011 година дефицитот изнесувал 10,9 проценти.

Стапката на невработеност, пак, во октомври се искачила на 26,8 проценти, додека во ноември 2011 година изнесувала 19,7 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top