| четврток, 6 декември 2018 |

Касулидис: Македонија ќе преговара кога ќе го реши прашањето за името

kasulidis

Македонија може да ги почне пристапните преговори со ЕУ откако ќе се реши прашањето за името, изјавил кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ. Според грчките медиуми тој нагласил дека не помага кога земјата праќа порака дека нема да соработува за да се реши проблемот.

– Со жалење констатираме дека не можеме да донесеме позитивна одлука за отворање на пристапните преговори – рекол Касулидис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top