Пожар избувнал во куќа во тетовското село Ѓермо, вчера околу 13 часот, информираат од СВР Тетово.
Куќата била во сопственост на 36-годишниот Х.Б, а штетата ја проценува за околу 600.000 денари.
Според информациите, огнот избувнал во потпокривот каде се наоѓал кабелот со кој куќата се напојувала со електрична енергија од блиската бандера, по што брзо ги зафатил сите простории на првиот кат и подот во дел од приземјето. Во мометот на избувнувањето во куќата немало никој и затоа нема повредени, а од пожарот целосно се изгорени просториите на првиот кат и покуќнината.
– Увид бил извршен уште во текот на вчерашниот ден, местото е фотодокументирано, подигнати се повеќе траги за вештачење и се работи на откривање причините и сите останати околности поврзани со овој пожар – рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


