| четврток, 6 декември 2018 |

Брус Вилис го очекува своето петто дете на 58 години

Холивудскиот актер Брус Вилис ќе добие второ дете со неговата сопруга Ема Хеминг, со која веќе ја има ќерката Мејбел. 35-годишната Ема, поранешен британски топ модел, веќе е во напредна бременост, иако ќеркичката ја роди во април 2012 година.

Брус Вилис од претходниот брак со Деми Мур има три возрасни ќерки – Румер (25), Скаут (22) и Tалула (19).

– Би сакал да имам уште илјада деца, или нула. Тоа не е важно. Поради Ема се чувствувам одлично – неодамна изјави 58-годишниот Вилис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top