Бразил не планира да му даде азил на поранешниот соработник на американската Агенција за национална бебзедност (НСА), Едвард Сноуден. Ваквата одлука доаѓа и покрај тоа што тој вчера предложи да помогне во истрагата за шпионажата на Бразилците и нивниот претседател од страна на САД.
Повикувајќи се на неименувани владини претставници, се наведува дека бразилската Влада не е заинтересирана да ги истражува програмите за масовно следење на Интернет,што ги обелодени Сноуден во јуни.
Во „Отворено писмо до бразилскиот народ“, Сноуден на бразилскиот Национален конгрес му предложи да ги испита шпионските активности на НСА во Бразил, вклучувајќи го и следњето на личните комуникации на претседателката Дилма Русеф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.