| четврток, 6 декември 2018 |

Верижен судир во скопската населба Ченто

Неколку возачи и патници се полесно повредени во верижниот судир кој се случил вечерва околу 22 часот  во месноста  „Три куќи“ во скопската населба Ченто во близина на старата зграда на ФОН универзитетот.

Во судирот учествувале 5 возила од кои три се многу оштетени. Според првичните информации нема посериозно повредени лица. Засега не е позната причината за сударот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top