Актерот, Кристијан Бејл, ја навикна публиката и себеси постојано да го менува својот изглед за потребите на улогата која ја игра и за таа цел често слабееше. Во една прилика Бејл изгуби дури две третини од својата тежина. Меѓутоа, за неговата последна улога било потребно ектремно да се здебели.
За филмот „Машинист“ (2004), кадешто игра работник во фабрика кој нема спиено година дена, ослабел 28 килограми и живеел само од јаболка, кафе и цигари.
Драстично слабее и за потребите на филмот „Борец“ од 2010 година, во кој има улога на боксер кој започнал да се дрогира. Улогата на Дики Еклунд му донесе Оскар за епизодна улога.
Но, за улогата измамник во седумдесеттите години кој станува ФБИ агент во филмот „Американска измама“, Бејл се здебелува дури 20 килограми.
-Јадев големи количини на крофни, чизбургери и сé што ќе ми дојдеше при рака. Имав 84 килограми, а сега дојдов до 100 – вели Бејл.
По завршувањето на снимањето на филмот, Бејл повторно почнал да слабее но сé уште ја нема постигнато целта која си ја поставил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.