| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Албанците ја гледаат Грција како опасност

Над 18 отсто од 1.200 албански граѓани кои биле опфатени во анкета, Грција ја гледаат како опаснот за Албанија. Анкетата, пак спроведена во Грција, покажува дека Грците не гледаат опасност од Албанија, а најважно прашање за 41 отсто од испитаниците се емигрантите.

На прашањето од која држава доаѓа опасност за Албанија, 46,4 отсто одговoриле дека по земјата нема закана од ниту една држава, 18,5 отсто дека заканата доаѓа од Грција ,17,2 отсто од Србија, а многу мал број од испитаниците рекле дека тоа се Македонија, Италија и Црна Гора.

Во Студијата направена од Меѓународниот  институт за студии со грчката фондација за надворешна и европска политика се оценуваат и други значајни прашања. Според одговорот на испитаниците, за 46 отсто најзначајни прашања во односите меѓу Албанија и Грција се  договорот за водната граница, за 21 отсто дека најзначано е прашањето за Чамите (протерани Албанци од Грција) додека на трето место се емигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top