| четврток, 6 декември 2018 |

Руско-украински договор: 15 милијарди долари за Украина

Владимир Путин и Виктор Јанукович денеска во Москва потпишаа договор според кој Украина ќе добие пристап до руските кредити вредни 15 милијарди долари. Дополнително, Украина добила 33 проценти попуст на рускиот гас, јавува руската РТ.

Според овој договор, Украина наместо досегашните 400 долари за 1.000 кубни метри руски гас, ќе плаќа 268 долари, а Русија истовремено ќе ги купи украинските обврзници вредни 15 милијарди долари.

Украинскиот претседател му рекол на Путин дека двете земји мора да развиваат стратешко партнерство.

-Денешниот состанок, е во извесна мера, стратешки. Не смееме да запреме и треба да продолжимае да го развиваме нашето  стратешко партнерство – истакнал Јанукович.

Путин изразил надеж дека во текот на меѓудржавните консултации, Русија и Украина ќе постигнат напредок по многу прашања, пренесува ИТАР-ТАСС.

-Украина е несомнено полноправен стратешки партнер на Русија – истакнал Путин и додал дека е време да се превземат одлучни акции за понатамошно развивање на украинско-руските односи.

Оваа значајна средба во Кремељ е одржана два дена откако ЕУ ја стопира работата за Спогодбата која требаше да биде потпишана меѓу Украина и Европската унија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top