| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки Мун: Во Њујорк постои интерес за Балканот

LIDERI-3-Zoran-Zaev

-Во Њујорк постои интерес за Балканот, се следи регионалната соработка помеѓу земјите и развојот на меѓуетничките односи. Оваа порака ја пренел претставникот на Генералниот Секретар на ООН и раководител на канцеларијата на ООН во Белград, Питер Н. Дју, на денешната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во седиштетот на Социјалдемократскиот сојуз.

Претставникот на Бан Ки Мун се интересирал за политиките во Македонија кои се однесуваат на меѓусоседските односи и каква е меѓуетничката клима во државата.Претседателот на СДСМ посочил дека Социјалдемократскиот сојуз прави се за единствена државна политика што води кон стабилни односи со соседите и добри меѓуетнички односи во државата.

-Социјалдемократскиот сојуз е конзистентен во своите политики, коишто во време на владеењето ги поставија темелите на функционално мултиетничко општество и обезбедија кандидатски статус на Македонија во Европа. СДСМ и денес во опозиција остојува на тие принципи со единствен фокус кон државните интереси, рече претседателот Зоран Заев.

Во однос на меѓуетничките односи стана збор и за односите во владеачката коалиција и потребата од интегративни политики што придонесуваат кон соживот наспроти етнички популизам.

Претседателот Заев соопштил дека СДСМ подготвува Програма, којашто е сериозна алтернатива на политиките на актуелната власт, од која постои евидентно незадоволство и дека таа Програма веќе месец и половина се допрецизира со граѓаните. Тоа се прави преку директни средби, во сите градови, села и населби, бидејки најголем дел од медиумите под притисок на власта не ги пренесуваат активностите на опозицијата.

Во врска со престојните претседателски избори претседателот Заев нагласил дека од голема важност е постигнувањето консензус за изборното законодавство и обезбедување услови за слободно право на глас, со реален Избирачки список, посебно во услови на целосна инструментализација на судството, целосната контрола на власта врз националниот сервис МРТВ, притисоците врз јавната администрација нотирани по повеќе извештаи за последните локлани избори.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top