Сексуални работници и нивни поддржувачи со црвени чадори денеска излегоа на марш низ улиците низ градот. Резервирани во нивните изјави се вклучија во маршот за права центарот на Скопје. Тие сметаат дека немаат добри услови, односно не се задоволни од третманот на институциите. Вработени на жешките секс-линии, масерите и масерките, стриптизерите и стриптизерките, ескорт дамите бараат поголеми права, како, на пример, здравствено осигурување.
Велат имаат лош третман од институциите, од шефовите, односно макроата, а честопати биле понижувани и малтретирани и од клиентите.
Организатор на настанот е граѓанската Иницијатива за унапредување и промоција на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР Скопје, која годинава се приклучува кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз овие луѓе.
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.